Чавушоглу: Турција од 1 јули го презема претседателствувањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека Турција почнувајќи од 1 јули ќе го преземе претседателствувањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа за 2020-2021 година

1443546
Чавушоглу: Турција од 1 јули го презема претседателствувањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Турција почнувајќи од 1 јули ќе го преземе претседателствувањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) за 2020-2021 година.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) на ниво на министри за надворешни работи, кој се одржа преку видеоконференција.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со состанокот го напиша следното: „Ги разгледавме можностите за регионална соработка во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP). Го преземаме претседателствувањето за 2020-2021 година со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) како најобемна регионална организација на Балканот.“



Слични вести