Видео порака од претседателот Ердоган на церемонијата во Јужна Кореја по повод 70 годишнината од Корејската војна

Претседателот Ердоган истакна дека јуначките војници кои се бореа рамо ро рамо за воспоставување на спокојството и безбедноста на корејскиот народ и меѓународниот мир, овозможија да се воспостави пријателство со Кореја коешто ќе трае вечно

1443331
Видео порака од претседателот Ердоган на церемонијата во Јужна Кореја по повод 70 годишнината од Корејската војна

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака на церемонијата што се одржа во Јужна Кореја по повод одбележувањето на 70 годишнината од Корејската војна.

Претседателот Ердоган во својата порака истакна дека јуначките војници кои се бореа рамо ро рамо за воспоставување на спокојството и безбедноста на корејскиот народ и меѓународниот мир, овозможија да се воспостави пријателство со Кореја коешто ќе трае вечно.

Нагласувајќи дека чувствуваат големо задоволство од тоа што гледаат дека со секој поминат ден се повеќе зајакнуваат пријателските врски коишто својата инспирација ја добиваат од оваа беспримерна солидарност во Корејската војна, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата видео порака го истакна следното: „Нашите односи коишто во 2012 година ги издигнавме на ниво на стратешко партнерство, одлучни сме во наредниот период да ги унапредиме на уште понапредно ниво. Во овој историски ден кога се сеќаваме на 70 годишнината од Корејската војна, се сеќаваме со милост на нашите честити шехиди (паднати борци) и со благодарност на нашите газии (ветерани). Уште еднаш со почит се поклонувам пред светите спомени на овие наши јунаци кои лежат еден покрај друг во нивното вечно почивалиште на корејските територии. Почит за нивните души.“



Слични вести