Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Министерот Коџа: Претпазливоста (носењето маска и физичката дистанца) е меѓусебен долг“

1442631
Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 24 и вкупно изнесува 5 025 лица.

Во истиот период беа остварени 53 496 тестови од кои 1 234 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 386 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 164 234.

Министерот за здравство Фахретин Коџа на прес конференцијата што ја одржа по состанокот на Науучниот совет рече дека во летните месеци нема намалување на интензитетот на ширењето на вирусот потенцирајќи дека нема научен доказ за тоа дека се намали стапката на разболување на вирусот.

Министерот Коџа подвлече: Претпазливоста (носењето маска и физичката дистанца) е меѓусебен долг“.



Слични вести