Борбата на Турција против Ковид-19: Бројот на оздравените пациенти достигна до 165.706

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 21 лице, дијагностицирани се 1.458 новозаразени, а оздравеа уште 1.472 заболени пациенти; Досега починаа вкупно 5.046 лица, инфектирани се 193.115, а оздравеа вкупно 165.706 лица

1443356
Борбата на Турција против Ковид-19: Бројот на оздравените пациенти достигна до 165.706

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се потврдени 21 смртен случај.

На тој начин бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 5.046 лица.

Во изминатите 24 часа направени се 52.303 тестирања од кои се дијагностицирани 1.458 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 193.115 лица.

Со отпуштање од болница на уште 1.472 излекувани вкупниот број на оздравените пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 165.706 лица.



Слични вести