Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

Во реализирани прекугранични воздушни операции во областите Зап и Авашин-Басјан, во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 6 терористи на ПКК кои биле утврдени со помош на летала за извидување и набљудување

1441872
Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во областите Зап и Авашин-Басјан, во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 6 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение преку профилот на Министерството на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека со одлучност продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се вели дека со реализирани воздушни операции во областите Зап и Авашин-Басјан, во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 6 терористи на ПКК кои биле утврдени со помош на летала за извидување и набљудување.

Во едно друго објавено соопштение од Министерството за национална одбрана пак, се истакнува дека од постигнатиот меморандум на 22 октомври 2019 година во Сочи досега се неутрализирани вкупно 998 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, при обид да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во соопштението воедно се вели дека од страна на турските командоси заедно и со пронајдениот тунел на 10 јуни се доведени во неупотреблива состојба вкупно 1.433 тунели на терористите во должина од 161 километар.

Во меѓувреме, Министерството за национална одбрана објави уште едно соопштение во кое се истакнува дека турските командоси кои ја продолжуваат успешно операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во областа Хафтанин во северниот дел на Ирак, пронајдоа и една природна пештера којашто била пренаменета за употреба од страна на терористите.

Како што е установено внатре во оваа пештера биле користени машини за дупчење со што бил отворен и тунел од 150 метри. 

Пронајдената пештера и тунелот во должина од 150 метри внатре во пештерата за којашто се мисли дека од страна на терористите на ПКК била користена како позиција за тешко оружје, од страна на турските командоси се доведени во неупотреблива состојба.



Слични вести