Во отворен оган од иранска страна на границата кај градот Хаќќари загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во пограничната област во руралното подрачје на градот Хаќќари од отворен провоцирачки оган од иранска страна на границата стана шехид (загина) еден турски војник, а еден војник е ранет

1442105
Во отворен оган од иранска страна на границата кај градот Хаќќари загина еден турски војник

Во пограничната област во руралното подрачје на градот Хаќќари од отворен провоцирачки оган од иранска страна на границата стана шехид (загина) еден турски војник.

Според објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за национална одбрана, за време на активностите за извидување и набљудување во пограничната област на населеното место Јуксекова кај градот Хаќќари е отворен оган од иранска страна на границата при што се ранети двајца турски војници кои веднаш се префрлени во болница, но и покрај сите напори на лекарите еден војник им подлегна на раните и го загуби животот.

„На нашиот честит шехид (загинат) кој го загуби животот во овој настан кој не облеа во длабока болка и тага му посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до неговото семејство, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и до нашиот племенит народ, им посакуваме трпение, а на нашиот ранет војник му посакуваме побрзо оздравување.“ - се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана.



Слични вести