Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак пронајдена пештера на терористите со тунел долг 150 метри

Како што е установено внатре во оваа пештера биле користени машини за дупчење со што бил отворен тунел во должина од 150 метри, широчина од 120 сантиметри и височина од 150 сантиметри

1442379
Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак пронајдена пештера на терористите со тунел долг 150 метри

Министерството за национална одбрана објави соопштение во кое се истакнува дека турските командоси кои ја продолжуваат успешно операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во областа Хафтанин во северниот дел на Ирак, пронајдоа природна пештера којашто била пренаменета за употреба од страна на терористите.

Како што е установено внатре во оваа пештера биле користени машини за дупчење со што бил отворен тунел во должина од 150 метри, широчина од 120 сантиметри и височина од 150 сантиметри.

Пронајдената пештера и тунелот во должина од 150 метри внатре во пештерата за којашто се мисли дека од страна на терористите на ПКК била користена како позиција за тешко наоружување, од страна на турските командоси се доведени во неупотреблива состојба.

Во едно друго објавено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека од постигнатиот меморандум на 22 октомври 2019 година во Сочи досега се неутрализирани вкупно 998 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, при обид да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Во соопштението воедно се вели дека од страна на турските командоси заедно и со пронајдениот тунел на 10 јуни се доведени во неупотреблива состојба вкупно 1.433 тунели на терористите во должина од 161 километар.

 



Слични вести