Турција му достави медицинска помош на Парагвај во борбата против Ковид-19

Сопругата на претседателот на Парагвај Силвана Абди на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека испратените над 281 илјада броја медицински материјали од страна на Турција пристигнаа во нејзината земја

1441987
Турција му достави медицинска помош на Парагвај во борбата против Ковид-19

Помошта составена од медицински материјали која што беше испратена од Турција за Парагвај, наменета за борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), пристигна во оваа латиноамериканска држава.

Сопругата на претседателот на Парагвај Силвана Абди на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека испратените над 281 илјада броја медицински материјали пристигнаа во нејзината земја.

Силвана Абдо и се заблагодари на Турција и го истакна следното: „Особено им се заблагодаруваме на претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган и на неговата сопруга за покажаната дарежлива поддршка и љубов кон нашата земја.“

Инаку, Турција му испрати помош во медицински материјали на Парагвај, по доставеното барање на сопругата на претседателот на оваа латиноамериканска држава Силвана Абдо до сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, за поддршка на нејзината земја во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Доставената помош од страна на Турција Парагвај се состои од медицински материјали како што се 50 илјади заштитни комбинезони, 30 илјади маски N95, 100 илјади хируршки маски, 2 илјади заштитни наочари и 50 илјади галоши.



Слични вести