Турската крајбрежна стража спаси од водите на Егејското Море 60 турнати мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од водите на Егејското Море во близина на градовите Чанаккале и Измир спасија 60 нерегуларни мигранти кои од страна на грчката крабјрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води

1442295
Турската крајбрежна стража спаси од водите на Егејското Море 60 турнати мигранти

Од водите на Егејското Море во близина на градовите Чанаккале и Измир се спасени 60 нерегуларни мигранти кои од страна на екипите на грчката крабјрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води.

Нерегуларните мигранти со гумен чамец отпловиле од брегот на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале со обид да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли).

Како што се истакнува била утврдена локацијата на 24 мигранти државјани на различни земји кои од страна на екипите на грчката крабјрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води.

Спасените нерегуларни мигранти биле качени на чамците на Командата на турската крајбрежна стража и биле однесени во станицата на крајбрежната стража во месноста Ќучуккују кај населеното место Ајваџик.

Во меѓувреме, по добиени информации дека се утврдени нерегуларни мигранти качени на два сплава кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води во близина на населеното место Фоча кај градот Измир, на утврдената локација беа испрати екипи на Командата на турската крејбражна стража. 

Притоа од страна на екипите од двата сплава беа спасени 36 нерегуларни мигранти кои беа извлечени на копно.



Слични вести