Реакција од претседателот на Собранието Шентоп на зборовите на Макрон во врска со Турција

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го повика претседателот на Франција Емануел Макрон добро да ја прочита позицијата на Турција и да се однесува соодветно на тоа

1441935
Реакција од претседателот на Собранието Шентоп на зборовите на Макрон во врска со Турција

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија покажа реакција против зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон кој преку случувањата во Либија и Средоземното Море (Источниот Медитеран) ја постави на мета Турција.

Шентоп го повика претседателот на Франција Емануел Макрон добро да ја прочита позицијата на Турција и да се однесува соодветно на тоа.

Велејќи дека критиките коишто ги повторува Макрон во одредени интервали против Турција се состојат од ирационални тврдења коишто произлегуваат од тоа што не може да ги сфати новите рамнотежи во светот и од неговата како што рече „колонијалистичка носталгија“, Мустафа Шентоп привлече внимание дека „згора на тоа овие тврдења им наштетуваат на турско-француските односи со вкоренета историја“.

Шентоп нагласи дека иницијативата на Турција во Либија се потпира на меѓународното право и на целта за воспоставување на регионалниот мир.

„Доколку на Макрон како што тврди, му значи мирот во Либија, треба да се откаже од вовлекување на регионот во хаос поддржувајќи го пучистот Хафтар и треба да согледа дека оваа поддршка ќе остане без резултат.“ - порача претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Шентоп во својата споделена објава ја изнесе и следната констатација: „Тоа што Макрон кој од страна на своите граѓани се оценува за неуспешен во безброј сфери, а пред се во борбата против глобалната епидемија, заземајќи став против Турција се обидува да го смени актуелниот дневен ред, претставува манифестација на неговата политичка немоќ (импотенција). Она што му претстои на Макрон е добро да ја прочита позицијата на Турција и да се однесува соодветно на тоа.“



Слични вести