Потпретседателот Фуат Октај: Расипани се стапиците и игрите во Либија

Потпретседателот Фуат Октај рече: „Ќе продолжиме на најсилен начин да ги поддржуваме нашите либиски браќа, се додека да се воспостават мирот, спокојството и правдата на териториите на цела Либија“

1442463
Потпретседателот Фуат Октај: Расипани се стапиците и игрите во Либија

Потпретседателот Фуат Октај во врска со случувањата во Либија истакна дека со одлучниот став на Владата на национално единство на Либија и поддршката на Турција се расипани стапиците и игрите за коишто беа водени обиди за нивно реализирање. 

Фуат Октај рече: „Ќе продолжиме на најсилен начин да ги поддржуваме нашите либиски браќа, се додека да се воспостават мирот, спокојството и правдата на териториите на цела Либија.“

„Оние кои до денеска не можеа да изнесат никаков приод за решение (за ситуацијата во Либија), откако почнаа градовите еден по еден да се заземаат од страна на легитимната влада од рацете на пучистите, почнаа да се огласуваат. Пучистите треба да знаат дека она коешто ќе ја одреди иднината на мирот во Либија ќе биде легитимната линија на меѓународното право.“ - порача потпретседателот Фуат Октај.



Слични вести