Калин и О'Брајан разговараа за Либија, Сирија и борбата против тероризмот

Портпаролот во Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и советникот за национална безбедност на САД Роберт О'Брајан разговараа телефонски за Либија, Сирија и борбата против тероризмот, а се осврнаа и на борбата против Ковид-19 и економските односи

1441889
Калин и О'Брајан разговараа за Либија, Сирија и борбата против тероризмот

Портпаролот во Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт О'Брајан. 

Во разговорот на кој беа детално разгледани прашањата со Либија, Сирија и борбата против тероризмот, а исто така на маса беа поставени и здравствениот сектор во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и економските односи.



Слични вести