Во терористички напад во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија загинаа најмалку 5 цивили

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализиран бомбашки напад на едно работно место во Тел Халаф во подрачјето на операцијата Извор на мирот, во североисточниот дел на Сирија се измасакрирани најмалку 5 невини цивили, а 12 се рането.

1441795
Во терористички напад во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија загинаа најмалку 5 цивили

Терористите кои реализираа бомбашки напад на едно работно место во населеното место Тел Халаф во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, измасакрира најмалку 5 невини цивили, а 12 мина се ранети.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ продолжува да ги напаѓа недолжните цивили во Сирија и дека во реализираниот бомбашки напад на едно работно место во Тел Халаф се измасакрирани најмалку 5 невини цивили, а 12 мина се ранети.

Инаку, сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ често реализира напади врз цивилите во подрачјето.

Од друга страна, Министерството за национална одбрана соопшти дека од постигнатиот меморандум на 22 октомври 2019 година во Сочи досега се неутрализирани вкупно 998 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ при обид да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Освен тоа, од страна на Министерството за национална одбрана е објавено и соопштението во кое се вели следното: „ПКК/ЈПГ за еден месец од Тел Рифат врз подрачјата на операциите  Еуфратски штит и Маслиново гранче реализира 62 провоцирачки (вознемирувачки) истрели, неутрализирани се 10 терористи.“



Слични вести