Хами Аксој: Изјавите на Макрон во врска со Турција претставуваат замрачување на умот

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека тоа што францускиот претседател Емануел Макрон поддршката на Турција на легитимната Влада на Либија ја нарече „играње со оган“ би можело да се појасни само со замрачување на умот

1441710
Хами Аксој: Изјавите на Макрон во врска со Турција претставуваат замрачување на умот

Турција истакна дека тоа што францускиот претседател Емануел Макрон поддршката којашто Турција и ја дава на легитимната Влада на Либија во правец на резолуциите и барањето на Обединетите нации (ОН) ја нарече „играње со оган“ би можело да се појасни само со замрачување на умот.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој даде писмен одговор на едно поставено прашање во однос на изразите коишто ги употреби францускиот претседател Емануел Макрон во врска со Турција, Либија и Источниот Медитеран.

Аксој рече: „Доколку господинот Макрон ја испроба својата меморија и го стави во примена својот здрав разум ќе се потсети на тоа дека тешкотиите коишто се доживуваат денеска во Либија произлегуваат од нападите на пучистот Хафтар кој е поддржан и од негова страна и дека оној кој одби да го потпише прекинот на огнот во Москва и во Берлин, исто така е воениот ага Хафтар.“

„Франција, поради поддршката којашто долги години ја дава на илегалните структури, сноси значајна одговорност во водењето на Либија кон хаос и во тој контекст всушност опасната игра во Либија ја игра Франција.“

Нагласувајќи дека францускиот претседател Емануел Макрон со изнесување на обвинувања против Турција се обидува да ја затскриен оваа вистина, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека либискиот народ никако нема да го заборави тоа дека Франција во правец на своите себични интереси и своите соработници и наштетува на оваа земја. 

„Франција вистинскиот принципиелен став да го покажува по прашањето на истражувањето на очајните случаи на воено злосторство коешто го извршиле милициските сили и војниците лојални на пучистот и пиратот Хафтар врз невините цивили, а пред се масовните гробници во Тархуна.“ - рече Аксој.



Слични вести