Сочувство од Чавушоглу до неговиот британски колега Раб за загинатите во нападот со нож во Лондон

Министерот за надворшени работи Доминик Раб го побара по телефон британскиот министер за надворшени работи Доминик Раб до кого го изрази своето сочувство за загинатите во терористичкиот напад со нож којшто беше извршен во саботата во близина на Лондон

1440774
Сочувство од Чавушоглу до неговиот британски колега Раб за загинатите во нападот со нож во Лондон

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу го изрази своето сочувство до британскиот колега Доминик Раб за загинатите во терористичкиот напад со нож којшто беше извршен во саботата во едно градче во близина на главниот град на Велика Британија, Лондон.

Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворшени работи Доминик Раб го побара по телефон британскиот министер за надворшени работи Доминик Раб.

Чавушоглу му рече на својот британски колега Раб дека беше многу растажен од веста за нападот со ножот и дека ја соделува болката на семејствата на загинатите и ранетите во нападот.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб исто така му се заблагодари на својот колега Мевлут Чавушоглу за изразеното сочувство.

Инаку, како што беше соопштено од страна на британската полиција во извршениот напад со нож во саботата вечер во градчето Рединг на приближно 60 километри од главниот град на земјата Лондон загинаа 3 лица, а 3 лица беа ранети.

Во објавеното писмено соопштение од полициската служба Тимс Валеј беше истакнато дека извршениот напад со нож  е прогласен за терористички акт.



Слични вести