Ердоган: Ние им отворивме прегратка на сите без да правиме расна, верска, јазична, етничка разлика меѓу нив

Претседателот Ердоган: „Додека земјите кои располагаат со многу поголеми можности од нас им поставуваат квоти на бегалците со изнесување на бројки, ние им отворивме прегратка на сите без да правиме никаква расна, верска, јазична, етничка разлика меѓу нив“

1440414
Ердоган: Ние им отворивме прегратка на сите без да правиме расна, верска, јазична, етничка разлика меѓу нив

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видеоконференција говореше на церемонијата на затворање на Меѓународниот фестивал на филмови за миграцијата кадешто посака фестивалот да обезбеди со посредство на кинематографијата повторно да се размислува за миграцијата и нејзините причини; како и да придонесе да создаде издигнување на свесноста по прашањето на социјалните, културните, политичките и економските димензии на миграцијата.

Претседателот Ердоган рече: „Додека земјите кои располагаат со многу поголеми можности од нас им поставуваат квоти на бегалците со изнесување на бројки, ние им отворивме прегратка на сите без да правиме никаква расна, верска, јазична, етничка разлика меѓу нив.“

Претседателот Ердоган својот говор го продолжи со зборовите: „Денеска во светот има приближно 260 милиони бегалци, 71 милион раселени лица и повеќе од 25 милиони мигранти. Луѓето мигрираат само за да би најделе подбра работа, а не за повисок животен стандард; во повеќе случаи за да останат во живот, поради глад, за да се нахранат. /.../ Ние како припадници на една цивилизација која верува во берикетот на споделувањето, во силата на солидарноста, не вршевме дискриминација кон никого. Додека земјите кои располагаат со многу поголеми можности од нас им поставуваат квоти на бегалците со изнесување на бројки, ние им отворивме прегратка на сите без да правиме никаква расна, верска, јазична, етничка разлика меѓу нив. Кои можности им ги нудиме на нашите сопствени граѓани, им ги нудиме и се однесуваме со иста чувствителност и кон загрозените, угнетените и оштетените кои се засолнаа во нашата земја.“



Слични вести