Алтун: Европските држави треба да се откажат да ги сметаат муслиманите за потенцијални виновници

Шефот на одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека европските држави, идејните творци (интелектуалците) и носителите на одлуки треба да се откажат да ги сметаат муслиманите за потенцијални виновници

1440769
Алтун: Европските држави треба да се откажат да ги сметаат муслиманите за потенцијални виновници

Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (SETA) одржа интернет панел под наслов „Презентација на извештајот за европска исламофобија за 2019 година“.

Шефот на одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во своето обраќање на отворањето на панелот којшто беше емитуван во живо преку видеоконференција на каналите на Твитер и Јутуб истакна дека антимуслиманскиот расизам не претставува проблем само на Европа.

Алтун го критикуваше и приодот на некои Европејци, нагласувајќи дека европските држави, идејните творци (интелектуалците) и носителите на одлуки треба да се откажат да ги сметаат муслиманите за потенцијални виновници.

Фахреттин Алтун го рече следното: „Говориме за една глобална закана којашто го доведува во опасност жовотот на луѓето насекаде, од Југоисточна Азија до Соединетите Американски Држави (САД). На пример, во Индија секоја година се убивани или ранувани илјадници луѓе, а во рамките на активностите на хонду националистите за систематско оставање без нивната татковина и застрашување на муслиманскиот народ. Еден политичар добитник на Нобеловата награда за мир во Мјанмар одигрува активна улога во геноцидот врз муслиманите. Како последно, еден екстремно десничарски терорист во Нов Зеланд инспириран од Европејците кои претходно извршија терористички напади, минатата година во една џамија измасакрира десетици луѓе. Европа, треба да се откаже од сметање на муслиманите за потенцијални виновници.“



Слични вести