Турција остро реагираше на американските критики на операцијата „Шепа-Тигар“

Бевте глувонеми кога терористите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК немилосрдно ги убиваше цивилите во Сирија

1440021
Турција остро реагираше на американските критики на операцијата „Шепа-Тигар“

Амбасадорот на РТ во Вашингтон, Сердар Килич остро реагираше на критиките на Американската Комисија за верски слободи (УСЦИРФ) која ја критикуваше операцијата „Шепа-Тигар“ на Турските вооружени сили (ТВС) на северот на Ирак, насочена против терористичките цели.

Амбасадорот Килич во објавата преку прфилот на твитер истакна:

„Бевте глувонеми кога терористите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК немилосрдно ги убиваше цивилите во Сирија. Покажавте срамен чин на однесување“.

Амбасадорот Килич потенцираше дека Комисијата УСЦРИФ беше индиферентна и наспроти масакрите на терористичката организација над стотици цивили во Турција. Вашиот морален избор во суштина е неморалност. Вие сте срам за сите вредности кои ги браните под плаштот на верски слободи. Срам да ви е.“

ТВС поради зачестените провокации и напади од страна на терористичката организација ПКК врз пограничните караули и бази, со цел да се зајакне безбедноста на границите и народот, ги започна операциите „Канџа-Орел“ и „Шепа-Тигар“.



Слични вести