Турција го осуди извршениот терористички напад со нож во Велика Британија

Во објавеното писмено соопштение од Министесртвото за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Гнасниот терористички напад за којшто станува збор уште еднаш го покажа предавничкото и безмилосно лице на теророт кој цели против невините луѓе

1440373
Турција го осуди извршениот терористички напад со нож во Велика Британија

Турција го осуди терористичкиот напад со нож во Велика Британија во кој животот го загубија 3 лица, а 3 лица беа ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: "Гнасниот терористички напад за којшто станува збор уште еднаш го покажа предавничкото и безмилосно лице на теророт кој цели против невините луѓе. Го доставуваме нашето сочувство до пријателскиот британски народ со кој сме во солидарност во овој тежок ден за него. На блиските на загинатите во нападот им посакуваме трпение, на ранетите побрзо оздравување."

Во извршениот терористички напад со нож прексиноќа во градчето Рединг на околу 60 километри од главниот град на Велика Британија, Лондон, животот го загубија 3 лица, а 3 лица беа ранети. 



Слични вести