Се активира веб-страницата „Пат на земјата“ на ЈТБ

На веб сраницата се објавени правилата на кои граѓаните треба да внимаваат при патувањето за Турција

1440150
Се активира веб-страницата „Пат на земјата“ на ЈТБ

Управата за Турците во странство и роднинските заедници (ЈТБ) ја активираше веб-страницата „Патот на земјата“ (Memleket Yolu) за граѓаните кои по копнен пат од странство ќе дојдат во земјава.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Управата на ЈТБ беше истакнато дека во рамките на мерките против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) за сограѓаните кои живеат во странство и по копнен пат планираат да дојдат во Турција, со цел да имаат полесен пристап до актуелните маршрути на патиштата, подготвиле веб страница наречена „Патот на земјата“ (Memleket Yolu).

Во соопштението се истакнува дека на веб сраницата се објавени правилата на кои граѓаните треба да внимаваат при патувањето за Турција, документите коишто ќе бидат побарани на граничните преини, ажурирани податоци за состојбата на патиштата и епидемијата, како и низа други податоци за кои патниците ќе почувствуваат потреба за време на патувањето.

Преку веб страницата на посетителите им с епружа и активна поддршка во живо преку WhatsApp во врска со изнаоѓањето на сите евентуални проблеми и прашања со кои би можеле да се соочат, а исто така ќе можат да ја следат интензивноста на граничните премини.

На веб страницата, покрај актуелни соопштенија, преку мобилниот водич ЈТБ (YTB Cep Rehberi) се споделуваат и детални информации за пасошите, царините, трансортот, здравството, социјалната безбедност, Сината картичка, даноците, воената обврска, образованието и другите исправи и документи.

Пристап до веб страницата се остварува преку следната веб страница „ www.memleketyolu.com “.



Слични вести