Остварен првиот лет од САД за Истанбул

Најпрвин во 08.30 часот по локално време слета авионот од типот Боинг 787-9 на Туркиш ерлајнс кој долета од Чикаго со 276 патници

1440304
Остварен првиот лет од САД за Истанбул

На аеродромот во Истанбул слета првиот авион на Туркиш ерлајнс од САД кои поради епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беа откажани на привремен период и повторно постепено почнаа да летаат.

Како последица на Ковид-19, утринава по период од 3 месеци, на аердоромот во Истанбул слетаа првите авиони на Туркиш ерлајнс кои полетаа од Чикаго и Вашингтон.

Најпрвин во 08.30 часот по локално време слета авионот од типот Боинг 787-9 на Туркиш ерлајнс кој долета од Чикаго со 276 патници. Нешто потоа, околу 09.15 часот според локално време слета и авионот на Туркиш ерлајс со реден број на лет ТК8 кој од Вашингтон долета со 279 патници. По слетувањето, патниците беа земени во терминалот и по контролата на пасошите влегоа во земјата.



Слични вести