Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операцијата „Шепа-Тигар“ во северниот дел на Ирак, во вооружена престрелка со терористите беше ранет еден турски војник кој и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (загина)

1439598
Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористите во северниот дел на Ирак, стана шехид еден турски војник.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во вооружена престрелка вчера со терористите во областа Зап беше ранет еден војник кој веднаш беше префрлен во болница, меѓутоа и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (загина).

Во соопштението на Министерството се вели дека во реализирана воздушна операција пак, се неутрализирани четворица терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести