Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак се уништени повеќе од 700 терористички цели

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека од почетокот на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористите во северниот дел на Ирак, досега се погодени повеќе од 700 терористички цели

1439684
Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак се уништени повеќе од 700 терористички цели

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот кадар на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во негова придружба и вчера отпатуваа во воената база Сијах Каја на нултата точка на границата која е специфична по тоа што е најблиската воена база до подрачјето кадешто се реализира прекуграничната операција „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак.

Акар и воените команданти во негова придружба во текот на ноќта управуваа и раководеа со операцијата од оперативниот центар во пограничниот појас и направија увид на состојбата на лице место.

Во придружба на министерот за национална одбрана Хулуси Акар се наоѓаат началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили Умит Дундар, командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на Втората армија генерал полковник Синан Јајла, кадешто заедно продолжуваат со обиколка во пограничниот појас.

Акар кој во текот на ноќта одблизу ја следеше најновата ситуација на теренот истакна дека од почетокот на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористите во северниот дел на Ирак досега се погодени повеќе од 700 терористички цели.

Привлекувајќи внимание дека операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) продолжува успешно според планираното, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го рече следното: „Досега е влезено во дупките, пештерите на терористите, овие нивни дупки, пештери им беа срушени врз главите, ќе продолжат да се рушат. Од почетокот на операцијата досега се заземени (пронајдени) околу 150 пештери. Се уништени околу 160 експлозиви од рачна изработка и мини коишто се поставени од страна на овие подли. Се запленети големи количини муниција и оружје. Досега во отворениот оган од страна на нашите воздушни и копнени единици се погодени повеќе од 700 цели.“

 



Слични вести