Претседателот Ердоган ќе се состане со претседателот на Гвинеја-Биасо Умару Сисоко Ембало

Претседателот Ердоган денеска во Истанбул ќе се состане со претседателот на Гвинеја-Бисао Умару Сисоко Ембало кој од 19 до 21 јуни престојува во работна посета на Турција

1439651
Претседателот Ердоган ќе се состане со претседателот на Гвинеја-Биасо Умару Сисоко Ембало

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе се состане со претседателот на западноафриканската држава Гвинеја-Бисао Умару Сисоко Ембало.

Во објавеното писмено соопштение од одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет се истакнува дека претседателот Ердоган денеска во Истанбул ќе се состане со претседателот на Гвинеја-Бисао Умару Сисоко Ембало кој од 19 до 21 јуни престојува во работна посета на Турција.

Во соопштението се вели дека во рамките на средбата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии односите помеѓу Турција и Гвинеја-Бисао и ќе се разговара за можностите за развивање на меѓусебната соработка.

„Освен билатералните односи, се предвидува да бидат разменети и мислења во врска со регионални и меѓународни случувања.“ - се наведува во соопштението на одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет.



Слични вести