Потпретседателот Фуат Октај: Турција и САД ја продлабочуваат соработката во Либија

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турција и Соединетите Американски Држави (САД) ја продлабочуваат соработката по прашањето на Либија и дека тоа би можело да создаде позитивна разлика

1439618
Потпретседателот Фуат Октај: Турција и САД ја продлабочуваат соработката во Либија

Потпретседателот Фуат Октај на вчерашниот состанок во соработка со Трговската комора на САД, Американско-турскиот деловен совет и Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) учествуваше преку видеоконференција на која даде значајни изјави.

Октај истакна дека Турција и Соединетите Американски Држави (САД) ја продлабочуваат соработката по прашањето на Либија и дека тоа би можело да создаде позитивна разлика.

Велејќи дека Турција со одлучниот и принципиелниот став што го покажува во Сирија и Либија ја разби храброста на терористичките групи и непријателите, вклучувајќи ги и терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ/ПКК, Фуат Октај го рече следното: „Како што постигнаа согласност претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп на остварениот телефонски разговор на 8 јуни, ги продлабочуваме нашите билатерални разговори и нашата соработка во Либија. САД и Турција заедно би можеле да создадат позитивна разлика.“

Октај нагласи дека помеѓу Турција и САД се уште постојат различни размислувања во однос на прашања како што се борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), терористичката организација ЈПГ/ПКК, договорот за борбените авиони Ф-35, приодот со предрасуди од страна на судските органи на САД кон Турција.

„Од крајно големо значење е деловниот свет во САД да биде свесен за овие разлики помеѓу двете земји и дека тие би можеле да се решат со најмала цена и на начин со којшто би биле максимално корисни за нашите односи.“ - порача потпретседателот Фуат Октај.



Слични вести