Остар одговор од министерот за национална одбрана Хулуси Акар против француските тврдења

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговори остро на француските тврдења околу тоа дека турската флота вознемирила еден француски брод во Средоземното Море

1439951
Остар одговор од министерот за национална одбрана Хулуси Акар против француските тврдења

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по остварените интензивни активности и контакти во градот Ширнак направи проценка на актуелниот дневен ред. 

Министерот Акар реагираше остро и истакна дека тврдењето околу тоа дека турската флота вознемирила еден француски брод на, задача во склопот на мисијата на НАТО во Средоземното Море се целосно невистини.

Во врска со некои тврдења на француските функционери коишто зазедоа место во печатот и во одредени средини на НАТО,  министерот за национална одбрана Хулуси Акар го рече следното: „Кога ќе се земат во предвид информациите, документацијата, нашиот брод и сите регистри во нашите штабови, се гледа дека тврдењата за коишто станува збор се целосно се невистинити. Спротивно на тоа, елементите на турските копнени сили кои уште од почетокот покажуваат пријателски, конструктивен став отворен за соработка и поддржувачки став, на бродот за којшто станува збор на барање на Французите му доставиле дури и гориво. Информациите и документацијата коишто се подготвени во однос на прашањето и кои ја докажуваат праведноста на Турција се споделени со сојузниците и со цивилните и воените функционери во штабот на НАТО.“

„Од некои наши сојузници наместо да создаваат вештачки дневен ред на начин којшто ќе биде во услуга на нивните политички цели, очекуваме да делуваат во усогласеност во рамките на постоечките процедури и принципи. Ние постојано сме на страната на дијалогот и Координацијата. Освен тоа, би сакал да го потсетам и тоа дека функционерите на НАТО се заблагодарија за професионалниот и воздржан приод на нашите морнари за време на случајот. Турција исто како и секогаш и денеска делувала и делува со совеста на својата задача и своите обврски во склопот на Сојузот.“ - подвлече министерот за национална одбрана Хулуси Акар. 



Слични вести