МНР: „Секој изминат ден расте бројот на бегалците и мигрантите во светот“

Подобрувањето на животните услови и изнаоѓање трајно решение на бегалците и мигрантите е „заедничка одговорност и задача“ на меѓународната заедница

1440002
МНР: „Секој изминат ден расте бројот на бегалците и мигрантите во светот“

Секој изминат ден се повеќе се зголемуваат тешкотиите со кои се соочуваат бегалците.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во објавата преку профилот на твитер по повод Светскиот ден на бегалците истакна дека Турција ќе продолжи да излегува во пресрет и да ги штити сите невини и оштетени без оглед на нивното верско убедување, јазикот, етничките корени.

По повод 20-ти јуни, Светскиот ден на бегалците, претседателот Ердоган објави објава преку профилот на твитер.

Ердоган во објавата истакна:

„Во името на Турција и турскиот народ ги поздравувам сите браќа бегалци по повод 20-ти јуни, Светскиот ден на бегалците, кои присилно се протерани од родните краишта.“

Турција соопшти дека подобрувањето на животните услови и изнаоѓање трајно решение за бегалците и мигрантите е „заедничка одговорност и задача“ на меѓународната заедница.

Во писменото соопштение кое беше обајвено од страна на Министерството за надворешни работи беше истакнато дека секој изминат ден расте бројот на бегалците и мигрантите во светот како и проблемите и тешкотиите со кои се соочуваат, а исто така беше потенцирано на тешките услови на овие лица кои се наоѓаат во многу чувствителна позиција особено поради епидемијата на новиот тип на коронаврусот (Ковид-19).

Во период кога голем број земји во светот поради епидемијата се свртеа кон внатрешноста, бегалците и мигрантите најмногу се изложени на неповолното влијание на оваа состојба. Турција како земја која е домаќин на најголем број бегалци во светот, ги презеде сите потребни мерки за заштита на бегалците во периодот на епидемијата.

Во тие рамки Турција продолжува со напорите на меѓународната арена и потенцира на значењето дека подобрувањето на животните услови и изнаоѓање трајно решение за бегалците и мигрантите е „заедничка одговорност и задача“ на меѓународната заедница. Затоа ги повикуваме земјите донатори и другите учеснички да преземат одговорност за праведно споделување на товарот со кој се соочуваме.

Светот треба да ги почитува основните одредби на меѓународните договори за човекови права и Конвенцијата од Женева од 1951 година со кои на бегалците им се признава право на азил, да не се изложуваат од нечовечно однесување, да не се туркаат назад.

Потпретседателот на државата Фуат Октај во пораката по повод Светскиот ден на бегалците во објавата преку профилот на твитер истакна:

„Овој ден нека биде средство за поубави денови за бегалците кои ги напуштија домовите и бараат уточиште во совеста на луѓето и да се чувствуваат дека не се без татковина.  Поаѓајќи од мотото дека Создадените ги сакаме поради Создавателот, Турција ќе продолжи да биде и влева надеж на сите мигранти и невини луѓе, без оглед на нивната верска, јазична и етничка припадност.“



Слични вести