Мевлут Чавушоглу: Најдоброто решение за Либија е политичкото решение

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека најдоброто решение за Либија е политичкото решение

1439814
Мевлут Чавушоглу: Најдоброто решение за Либија е политичкото решение

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу заедно со министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, денеска во градот Анталија учествуваше на манифестацијата за промовирање „Откриј повторно“, на која беа промовирани „Услугите за безбеден туризам!“ коишто ги нуди Турција во процесот на нормализација во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Во говорот што го одржа овде, Чавушоглу се осврна на случувањата во Либија и истакна дека најдоброто решение за оваа земја е политичкото решение.

Велејќи дека водачот на вооружените милициски сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар не ги слуша повиците и точно спротивно на тоа ја зголемува својата агресивност, Мевлут Чавушоглу, во врска со Хафтар го рече следното: „Тој губи, е осуден да загуби. Постоеше можност за политичкиот процес. Ја изгуби и неја. Еден ваков пучист не треба да заземе место во управувањето на една земја. Најдоброто решение за Либија е политичкото решение.“

Осврнувајќи се и на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека оваа терористичка организација е слезе а во областа на градот Сулејманије, дека контролира стотици места и дека воедно врши и притисок врз тамошните партии.

„На тој начин оттаму создаваат закана и за нас. Затоа операцијата Шепа-Тигар ќе продолжи постепено се додека не бидат исчистени терористите и од тоа подрачје. Тоа ќе биде добро ѝ за нас ѝ за Ирак.“

По прашањето на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека се разочарани тоа што некои земји ја внесоа Турција во списокот на ризични дестинации. 

Чавушоглу рече: „Бидејќи, Турција со капацитетот на својот здравствен систем презеде внимателни мерки против епидемијата и водевме силна борба против вирусот. Нашата туристичка индустрија е спремна и за странските гости. Ние веруваме во нас. Веруваме во нашиот туристички и здравствен сектор.“



Слични вести