Ердоган: Турција е поблиску од било кога досега до својата цел да влезе меѓу 10-те најголеми економии

Претседателот Ердоган на свеченото отворање на браната во градот Карс преку видеоконференција истакна дека Турција е многу поблиску од било кога досега до својата цел да влезе меѓу 10-те најголеми економии во светот

1439941
Ердоган: Турција е поблиску од било кога досега до својата цел да влезе меѓу 10-те најголеми економии

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање на церемонијата на свечено отворање на браната во градот Карс преку видеоконференција истакна рече дека е задоволен што се додава уште една алка на браните коишто ја опкружуваат земјата како ѓердан.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е поблиску од било кога досега до својата цел да влезе меѓу многу 10-те најголеми економии во светот. 

„Кога дојдовме на власт во нашата земја имаше вкупно 276 брани. Денеска пак, и ја додаваме на нашата земја 585-тата брана во последните 18 години. Нашите градови ги украсивме со брани, хидроелектрични централи, постројки за вода за пиење, канали за наводнување со што постојано го издигнавме нивото на просперитет на нашата земја.“ - рече Ердоган.

Велејќи „Најконкретните резултати на патот (напредокот) што го помина (постигна) Турција на патот на демократијата и економијата ги видовме во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Процесот на епидемијата во кој останаа беспомошни дури и развиените земји, го дочекавме со примерен менаџмент ѝ со нашата здравствена инфтаструктура и со нашиот синџир на снабдување со храна и хигиенски средства, и од аспект на јавната безбедност.“

Тој нагласи дека во периодот на епидемијата од коронавирусот се забележува колку Турција напредувала во демократијата и економијата, и рече дека пандемијата, во која и развиените земји останаа беспомошни, Турција ја поминала со еден примерен менаџмент и од аспект на здравствената инфраструктура и од аспект на синџирот на снабдување со храна.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека доаѓаат доста силно сигналите за опоравување во економијата и го додаде следното: „И покрај тоа што во првиот квартал на 2020 година, значајните дел на месец март го поминавме со борба против епидемијата, забележавме (постигнавме) стапка на раст од 4,5 отсто. Нашите девизни резерви на Централната банка повторно ги зголемиме на над 93 милијарди долари. Заедно со втората половина од годината очекуваме навистина многу големо забрзување (голем импулс) во економијата. Многу сме поблиску од било кога досега до нашата цел да ја внесеме Турција меѓу 10-те најголеми економии во светот.“



Слични вести