Во Турција од Ковид-19 потврдени 23 смртни случаи, 1.214 новозаразени, 1.494 излекувани лица

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 23 лица, дијагностицирани се 1.214 новозаразени, а оздравеа 1.494 заболени пациенти; Досега починаа вкупно 4.905 лица, инфектирани се 185.245, а оздравеа вкупно 157.516 лица

1439538
Во Турција од Ковид-19 потврдени 23 смртни случаи, 1.214 новозаразени, 1.494 излекувани лица

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се потврдени 23 смртни случаи.

Од почетокот на епидемијата бројот на починатите достигна до 4.905 лица.

Во изминатите 24 часа направени уште 41.316 тестирања од  кои се дијагностицирани 1.214 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 185.245 лица.

Заедно со уште 1.494 излекувани лица, вкупниот број на оздравените пациенти во Турција се зголеми на 157.516 лица.

 



Слични вести