Турција изрази задоволство од усвојувањето на законот за локални избори во Мостар

Договорот претставува значаен доказ за функционалноста на демократските установи во Босна и Херцеговина

1438978
Турција изрази задоволство од усвојувањето на законот за локални избори во Мостар

Турција изрази задоволство од законот за локални избори во градот Мостар кој беше постигнат меѓу страните.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МНР беше истакнато следното:

„Изразуваме задоволство од постигнатиот договор меѓу страните во однос на уредувањето на правните регулативи со кои првпат по период од 12 години во Мостар повторно ќе може да се одржат локални избори.“

Во соопштението беше истакнато дека договорот претставува значаен доказ за функционалноста на демократските установи во Босна и Херцеговина и истовремено има големо значење од аспект на континуитетот на одржувањето на процесите на стабилност и демократијата на Балканот.

Турција ќе продолжи со подршката на развојот и балгостостојбата на Босна и Херцеговина со цел да се зајакне братството и единството на земјата.

Како што е познато, по војната од 1992 до 1995 година, Мостар беше поделен на 6 општини и на тој начин се управуваше со градот.

Со цел да се укине поделеноста на градот, 2004 година од страна на високиот претставник Пади Ешдаун со регулирање на статусот на Мостар, градот беше преструктуиран во една општина.

Според новиот статус, градоначалникот на општината е челник на извршниот орган, додека законодавниот орган е Градскиот совет. Но поради противењето на Хрватите на оваа регулатива и неизгласувањето, дојде до застој на голем број прашања.

Поради проблемот со статусот, од 2008 година наваму во Мостар не можеа да се одржат локални избори.



Слични вести