Средба Чавушоглу-Ди Мајо во Анкара: Главна точка на дневниот ред случувањата во Либија

По средбата лице в лице, двајцата шефови на дипломатии Мевлут Чавушоглу и Луиџи Ди Мајо одржаа заедничка прес конференција на која се осврнаа поготово на случувањата во Либија

1439485
Средба Чавушоглу-Ди Мајо во Анкара: Главна точка на дневниот ред случувањата во Либија
Luigi Di Maio-Mevlut Cavusoglu1.jpg
Luigi Di Maio-Mevlut Cavusoglu.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Луиџи Ди Мајо кој допатува во посета на Анкара.

По средбата лице в лице, двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Ди Мајо одржаа заедничка прес конференција на која се осврнаа поготово на случувањата во Либија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе продолжи да работи со Италија за постигнување на траен мир и политички процес којшто ќе вроди со резултат.

„Свесни сме за критичната улога што ја одигрува Италија овде. Им благодариме за тоа. Одиграа една урамнотежена улога. Не застанаа покрај пучистот Хафтар како некои земји на Европската унија (ЕУ), меѓутоа вложија искрен напор за прекин на огнот и за политичкиот процес.“ - рече Чавушоглу.

Мевлут Чавушоглу напомена дека Турција посакува да ја види и Италија во наредните двојни тројни и други платформи по прашањето на Либија и дека тоа им го пренесе и на Русија и другите земји.

Потсетувајќи дека Турција посакува Источниот Медитеран да биде сфера на соработка, а не простор на конфликт и дека е на страната тамошните богатства да се споделуваат од страна на сите земји, Чавушоглу го рече следното: „Нашата реакција е против оние кои се обидуваат да ја исклучат (игнорираат) Турција.“

Тој истакна дека би можеле да работат заедно со Италија во врска со енергетските активности во Источниот Медитеран.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно нагласи дека со неговиот италијански колега Ди Мајо разговарале и за започнувањето на летовите помеѓу двете земји почнувајќи од месец август. 

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо пак, истакна дека веќе треба да заврши спорот во Либија и го рече следното: „Либија не треба да претставува безбедносна закана за Европа. Во најскоро време треба да биде назначен претставникот на Обединетите нации (ОН). Сакаме да се постигне одржлив прекин на огнот во Либија.“



Слични вести