Министерот Хулуси Акар и командниот кадар, во оперативниот центар на операцијата „Шепа-Тигар“ во Ширнак

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот кадар на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) дојдоа во оперативниот центар во пограничната област од кадешто се управува и раководи со операцијата „Шепа-Орел“

1439498
Министерот Хулуси Акар и командниот кадар, во оперативниот центар на операцијата „Шепа-Тигар“ во Ширнак

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот кадар на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во оперативниот центар, во пограничната област од кадешто се управува и раководи со операцијата „Шепа-Тигар“ („Pençe-Kaplan“) којашто се реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, ја следат операцијата којашто продолжува успешно.

Министерот Акар и командниот кадар во негова придружба го посетија оперативниот центар во пограничната област, кај градот Ширнак.

Операцијата „Шепа-Тигар“ („Pençe-Kaplan“) којашто е започната од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористичката организација ПКК која во последно време ги интензивира своите обиди за провокација и нападите од северниот дел на Ирак врз воените погранични воени станици и бази и со тоа се закануваат на границите и безбедноста на народот, продолжува да се одвива успешно според планираното.

Со операцијата „Шепа-Тигар“ („Pençe-Kaplan“) којашто е започната на 15 јуни веднаш по операцијата „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal), турските командоски единици ги уништуваат терористичките цели во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак.

Од друга страна, во рамките на операцијата денеска се неутрализирани тројца терористи.



Слични вести