Во терористички напад кај градот Ширнак загинаа четворица цивили

Во терористички напад при експлозија на експлозивна направа од рачна изработка во моментот на поминување на возило во кое се наоѓаа работници во населеното место Силопи кај градот Ширнак загинаа четворица цивили

1438433
Во терористички напад кај градот Ширнак загинаа четворица цивили

Цел на терористите во подрачјето на градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата, повторно беа цивилите.

Во експлозија во моментот на поминување на возило кое превезуваше работници во населеното место Силопи кај градот Ширнак, животот го загубија четворица работници.

Губернијата соопшти дека случајот претставува терористички напад.

Во објавеното соопштение од Губернијата се истакнува во моментот на поминување на возило во кое се наоѓале рабитници беше експлодирана експлозивна направа од рачна изработка поставена на патот од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Во соопштението се вели дека во експлозијата загинаа четворица цивили. 



Слични вести