Започна операцијата„Шепа-Тигар“... Турските командоси се префрлија во Хафтанин на северот на Ирак

Министерството за национална одбрана соопшти дека е започната операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) против терористичките гнезда преку границата, во северниот дел на Ирак и дека турските командоси се префрлија во областа Хафтанин во подрачјето

1437371
Започна операцијата„Шепа-Тигар“... Турските командоси се префрлија во Хафтанин на северот на Ирак
Pençe-Kaplan Harekatı Türk Komandoları Haftanın Irak'ta.jpg
Haftanin_operasyon.jpg

Турската војска синоќа се префрли во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак...

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ја започнаа операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) против терористичките гнезда преку границата, во северниот дел на Ирак.

Министерството за национална одбрана овој развој го соопшти со соопштение во кое се вели следното: „Започна операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan). Нашите јуначки командоси се префрлија во Хафтанин“.

Во соопштението на Министерството е споделена и следната информација: „Воздушните сили, нашите командоси поддржани од хеликоптери АТАК, беспилотни летала (ИХА) и наоружани беспилотни летала (СИХА), со воздушно-десантна операција, се префрлија во областа.“

Во истото соопштение воедно се нагласува дека операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и другите терористички елементи од чија страна се интензивирани провокациите и обидите за напад врз воените станици и базите, се реализира во рамките на легитимното право на самоодбрана коешто произлегува од меѓународното право.

Операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) се реализира веднаш по претходно започнатата операција „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal) и турските командоси влегoa во пештерите на терористите во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак.

Привлекуваат внимание деталите на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се реализира со претходно внимателно и крајно прецизно планирање.

Во рамките на операцијата којашто е започната веднаш по издадената наредба, почнаа да се гаѓаат со артилериски орудија и топови претходно утврдените терористички цели во целиот простор кадешто се изведува операцијата.

На тој начин, во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак, со реализираните интензивни истрели со хаубици од типот „Фиртина“ од домашно производство и повеќецевни ракетни фрлачи беа погодени со стопроцентна прецизност повеќе од 150 терористички цели.

Во меѓувреме, во објавеното последно соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Командата на нашите воздушни сили, во рамките на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто е започната синоќа ги срамнија со земјата погодувајќи ги со стопроцентна прецизност терористичките цели во областа Хафтанин.“

Инаку, прексиноќа (ноќта на 15 јуни) беше започната и воздушната операција Канџа-Орел (Pençe-Kartal) со која се има за цел да се уништи структуирањето на сепарастичко-терористичката организација ПКК која е вгнездена во северниот дел на Ирак и која оттука со децении како претставува закана за границите на Турција.

 



Слични вести