Во операцијата „Шепа-Тигар“ се погодени повеќе од 150 терористички цели

Во реализираните интензивни истрели со хаубици од типот „Фиртина“ од домашно производство и повеќецевни ракетни фрлачи се погодени со стопроцентна прецизност повеќе од 150 терористички цели

1437693
Во операцијата „Шепа-Тигар“ се погодени повеќе од 150 терористички цели

Во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто е започната синоќа од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористичките гнезда преку границата, во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак, се погодени со стопроцентна прецизност повеќе од 150 цели.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана беше истакнато дека синоќа е започната операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и другите терористички елементи од чија страна се интензивирани провокациите и обидите за напад врз воените станици и базите, коишто воедно претставуваат закана и за границите на земјата и за народот.

Операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) се реализира веднаш по претходно започнатата операција „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal) и турските командоси почнаа да влегуваат во пештерите на терористите во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак.

Привлекуваат внимание деталите на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се реализира со претходно внимателно и крајно прецизно планирање.

Во рамките на операцијата којашто е започната веднаш по издадената наредба, почнаа да се гаѓаат со артилериски орудија и топови претходно утврдените терористички цели во целиот простор кадешто се изведува операцијата.

На тој начин, во реализираните интензивни истрели со хаубици од типот „Фиртина“ од домашно производство и повеќецевни ракетни фрлачи беа погодени со стопроцентна прецизност повеќе од 150 терористички цели.

Во меѓувреме, во објавеното последно соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Командата на нашите воздушни сили, во рамките на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто е започната синоќа ги срамнија со земјата погодувајќи ги со стопроцентна прецизност терористичките цели во областа Хафтанин.“

 

 



Слични вести