Висока турска делегација отпатува во изненадна посета на Либија на разговори со премиерот Сараџ

Министерот за надворешни работи Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Албајрак, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Фидан и портпаролот на Претседателскиот кабинет Калин во Триполи се состанаа со либискиот премиер Фајез ал-Сараџ

1438000
Висока турска делегација отпатува во изненадна посета на Либија на разговори со премиерот Сараџ

Висока турска делегација, денеска отпатува во изненадна посета на главниот град на Либија, Триполи.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан и портпаролот на Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и делегација во нивна придружба допатуваа на разговори во Триполи.

Мевлут Чавушоглу, Берат Албајрак, Хакан Фидан и Ибрахим Калин, во рамките на оваа изненадна посета на Триполи се состанаа со либискиот премиер Фајез ал-Сараџ.

Високата турска делегација во Триполи беше пречекана од страна на либискиот министер за надворшени работи Мухамед Тахир Сијала. 

Во објавеното соопштение од либиската Влада во врска со остварената средба помеѓу делегациите на двете земји се истакнува дека со турската страна беше разговарано за можностите за развивање на билатералните односи.

Во соопштението се вели дека беа разгледани последните случувања во Либија и меѓународните напори за решавање на либиската криза, како и прашања посветени на соработката во бројни сфери, ослонувајќи се притоа на братските врски помеѓу двете земји.

Стана збор за активностите и инвестирањата на турските јавни и приватни компании во однос на инфраструктурата и нафтата во Либија, а исто така беше потсетено дека во ноември 2019 година помеѓу двете земји беа потпишани меморандумите по прашањата на воената соработка и разграничувањето на сферите на надлежност во морето.

Во соопштението се нагласува дека беа разгледани и солидарноста во формирањето на одбранбените и безбедносните сили на Либија под светлината на овие меморандуми, обуката на либиските безбедносни сили и прашањето со сферите на надлежност во морето.

Во рамките на остварените средби и разговори во Триполи, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и портпаролот на Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин одделно се состанаа и со претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри.



Слични вести