Состанок на Високиот советодавен совет посветен на неоснованите тврдења во врска со настаните од 1915 година

Соопштение во врска со состанокот што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, пристигна од шефот на одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун

1437445
Состанок на Високиот советодавен совет посветен на неоснованите тврдења во врска со настаните од 1915 година

На Високиот советодавен совет на претседателскиот кабинет што се одржа синоќа беа разгледани чекорите коишто ќе бидат фрлени против неоснованите тврдења околу наводниот геноцид кои што се изнесуваат против Турција во врска со настаните од 1915 година.

Соопштение во врска со состанокот што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, пристигна од шефот на одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун.

Алтун истакна дека на состанокот беа поставени на маса чекорите коишто ќе бидат фрлени против неоснованите тврдења коишто се изнесуваат против Турција во врска со настаните од 1915 година, при што претседателот Ердоган нагласил дека семето на непријателството за коешто се настојува да се посее над искривените историски настани не ќе можат да најдат можност да зазеленат на почвата на вистината.

Велејќи дека на состанокот се стоеше на политиките со коишто ќе се спречи, еден период којшто поминал со тешкотии и болно за сите граѓани на Османлиската Империја да се искористи по пат на различни измислени лаги и клевети од страна на различни мрачни средини во име на одредени политички пресметки, Фахреттин Алтун го рече следното: „На состанокот беа разгледани обемните чекори со коишто ќе се спречи пропагандата што се врши со невистинити тврдења од страна на ерменското лоби кон настаните од 1915 година ги користат како средство за оцрнување на Турција и нашиот народ и земјите кои го злоупотребуваат ова прашање со политички пресметки. Беа разгледани проектите и активностите со коишто ќе се овозможи историските и правните димензии на прашањето да се раскажат во меѓународната јавност со нивните вистини.“



Слични вести