Сочувство од Турција до Мали за реализираниот терористички напад во кој загинаа голем број војници

Во објавеното соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека со жалење е дознаено за веста за големиот број загинати војници во реализираниот терористички напад на 14 јуни врз една воена единица во западноафриканската држава Мали

1437456
Сочувство од Турција до Мали за реализираниот терористички напад во кој загинаа голем број војници

Турција го осуди реализираниот терористички напад врз една воена единица во западноафриканската држава Мали во кој загинаа голем број војници.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека со жалење е дознаено за веста за големиот број загинати војници во реализираниот терористички напад на 14 јуни врз една воена единица во селото Боуки-вере во областа Сегоу во Мали.

Во соопштението се вели слендото: „Го осудуваме овој гнасен терористички напад. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, го доставуваме нашето искрено сочувство до братскиот народ и владата на Мали.“

Инаку, по реализираниот терористички напад на 14 јуни врз еден воен конвој во северниот дел на главниот град на Мали, Бамако, беа пронајдени мртви 24  од 44 војници кои се водеа како исчезнати.

Во објавеното соопштение од страна на Вооружените сили ан Мали (ФАМА) беше соопштено дека во реализираната операција по поставената стапица на воениот конвој во областа Сегоу во близина на границата со Мавританија, се пронајдени мртвите тела на 24 убиени војници, а 8 војници се спасени.



Слични вести