Претседателот на Собранието Шентоп: Борбата против тероризмот е од витално значење за мирот во регионот

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во споделената објава на својот профил на Твитер истакна дека борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност, а за која рече дека е од витално значење за мирот во регионот

1437781
Претседателот на Собранието Шентоп: Борбата против тероризмот е од витално значење за мирот во регионот
harekat tsk asker memetcik

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ја започнаа синоќа против терористичките гнезда преку границата, во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак.

Шентоп во својата објава напиша: „Нашата борба против тероризмот продолжува со одлучност, а која е од витално значење за да би можела да се воспостави мирот во нашиот регион. Аллах (Џенаб-и Аллах) да им помогне на нашите јуначки војници кои водат борба за одбрана на нашите граници и за спасот на нашиот народ.“

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ја започнаа операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) против терористичките гнезда преку границата, во северниот дел на Ирак.

Министерството за национална одбрана овој развој го соопшти со соопштение во кое се вели следното: „Започна операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan). Нашите јуначки командоси се префрлија во Хафтанин“.

Во соопштението на Министерството е споделена и следната информација: „Воздушните сили, нашите командоси поддржани од хеликоптери АТАК, беспилотни летала (ИХА) и наоружани беспилотни летала (СИХА), со воздушно-десантна операција, се префрлија во областа.“

Освен операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) прексиноќа (ноќта на 15 јуни) беше започната и воздушната операција Канџа-Орел (Pençe-Kartal) со која се има за цел да се уништи структуирањето на сепарастичко-терористичката организација ПКК која е вгнездена во северниот дел на Ирак и која оттука со децении како претставува закана за границите на Турција.



Слични вести