Остра реакција од МНР на Турција против Арапската лига во врска со операцијата на северот на Ирак

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој покажа остра реакција против изјавите на генералниот секретар на Арапската лига (АЛ) Ахмед Абул Геит во врска со операцијата Канџа-Орел (Pençe-Kartal) во северниот дел на Ирак

1437339
Остра реакција од МНР на Турција против Арапската лига во врска со операцијата на северот на Ирак

Реакција од Турција против изјавите на генералниот секретар на Арапската лига (АЛ) Ахмед Абул Геит во врска со операцијата Канџа-Орел (Pençe-Kartal). 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој, покажа остра реакција против изјавите на генералниот секретар на Арапската лига (АЛ) Ахмед Абул Гејт во врска со операцијата Канџа-Орел (Pençe-Kartal) којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во северниот дел на Ирак. 

Аксој рече: „Ја негираме реакцијата којашто е покажана против операцијата Канџа-Орел реализирана ноќта на 14 јуни против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а не против оваа терористичка организација која со години реализира предавнички терористички напади врз нашата земја од местата во кои е вгнездена во Ирак.“

Хами Аксој одговори писмено на поставеното прашање во врска со операцијата на Турција Канџа-Орел.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој нагласи дека привлекува внимание тоа што Ахмед Абул Геит го изоставува од вид злосторството на терористичката организација ПКК која освен Турција му се заканува и на суверенитетот на Ирак кој инаку е член на Арапската лига (АЛ), а воедно го подвлече и следното: „Го повикуваме гнералниот секретар на Арапската лига (АЛ) кој уште од одамна ги изоставува од вид политиката на етничко чистење на терористичката организација ПЈД/ЈПГ/ПКК и злосторствата коишто ги врши против човештвото, да усвои принципиелен и доследен дискурс (говор) по прашањето на борбата против тероризмот.“



Слични вести