Нова медицинска помош од Турција на Нигер и Чад во борбата против Ковид-19

Во рамките на потпишаните договори за доставување на неповратна помош помеѓу Турција и Нигер и Чад на овие две земји ќе и бидат донирани медицински материјали за борба против Ковид-19

1437789
Нова медицинска помош од Турција на Нигер и Чад во борбата против Ковид-19

Турција им ја подаде уште еднаш својата рака за помош на Нигер и Чад.

Во рамките на договорот за доставување на неповратна помош (донација) во сферата на здравството којшто беше потпишан помеѓу Турција и Нигер на 21 мај во Анкара, од страна на Турција ќе и бидат донирани на Нигер 50 илјади хируршки маски, 50 илјади комбинезони, 30 илјади маски N95 и 2 илјади заштитни наочари.

Во рамките на договорот за доставување на неповратна помош (донација) во сферата на здравството којшто беше потпишан помеѓу Турција и Нигер на 6 мај и 21 мај во Анкара пак, на Чад ќе и бидат донирани 1.000 комплети за дијагноза на Ковид-19, 5 илјади маски за анестазија со кислород, 50 илјади заштитни комбинезони, 30 илјади маски N95, 100 илјади хируршки маски, 5 илјади заштитни наочари, 50 илјади галоши, 50 илјади ракавици, 2 амбулантни возила, 10 единици за итни случаи на надувување.

Овие наведени медицински материјали коишто ќе им бидат донирани од страна на Турција на Нигер и Чад како гест на пријателство и добра волја, ќе бидат користени во водењето на здравствените работи од страна на овие две земји. 

Министерот за здравство на Чад Махмуд Јусуф Хајал истакна дека се соочуваат со недостаток од медицинска опрема во борбата против Ковид-19 и рече: „Располагаме само со 25 апарати за дишење коишто ни се испратени од страна на Турција.“



Слични вести