Министерот Сојлу за операцијата „Шепа-Тигар“: Се обидуваме да го уништиме ова зло во неговиот извор

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) го напиша следното: „Се обидуваме да го уништиме ова зло во неговиот извор“

1437749
Министерот Сојлу за операцијата „Шепа-Тигар“: Се обидуваме да го уништиме ова зло во неговиот извор

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ја започнаа синоќа против терористите преку границата, во областа Хафтанин, во северниот дел на Ирак.

Министерот Сојлу го напиша следното: „Се обидуваме да го уништиме ова зло во неговиот извор.“

Осврнувајќи се и на антитерористичките операции коишто се реализираат внатре во границите на земјата, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу го истакна следното: „Последната бројка на терористите во границите на Турција изнесува 438. Иншаллах (со Аллахова помош) во најскоро време ќе опадне на испод 400, испод 300, а потоа ќе видиме како сите тие комплетно бегаат.“



Слични вести