„Крвта на ниту едно чедо на оваа татковина кое станало шехид нема да остане на земјата, неосветена“

Претседателот Ердоган истакна дека нема да биде оставена на земјата, неосветена, крвта на ниту едно чедо на оваа татковина кое станало шехид (загинало во напад на терористите)

1438034
„Крвта на ниту едно чедо на оваа татковина кое станало шехид нема да остане на земјата, неосветена“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод третата годишнина од убиството на учителот Неџметтин Јилмаз од страна на терористите сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Претседателот Ердоган истакна дека нема да биде оставена на земјата, неосветена, крвта на ниту едно чедо на оваа татковина кое станало шехид (загинало во напад на терористите).

Ердоган во оваа своја објава им одделува место на зборовите „Нема да остане на земјата, неосветена, крвта на ниту едно чедо на оваа татковина кое станало шехид (загинало во напад на терористите)“, а воедно го истакнува следното: „Ќе продолжиме да работиме непрестано за Турција во која моливот ќе надвладее над оружјето, единството над раздорот, добрината над злото, спокојството над теророт.“

„Со милост се сеќавам на нашиот учител Неџметтин Јилмаз на третата годишнина од неговото свирепо убивање од страна на предавничката сепаратистичко-терористичка организација ПКК, кога стана шехид во пролетта од неговиот живот. Со почит се сеќавам на сите наши учители кои се преселени во нивниот вечен дом и кои се неимари на нашата иднина.“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата споделена објава.

 



Слични вести