Во Африн, во Сирија, фатени 7 терористи на ЈПГ/ПКК кои извршиле 11 бомбашки напади

Во подрачјето на операцијата Маслиново гранче, во областа на градчето Африна, во северниот дел на Сирија, беше реализирана операција на две куќи ќелии при што беа фатени 7 терористи на ЈПГ/ПКК кои извршиле 11 бомбашки напади и акти со палење на возила

1437192
Во Африн, во Сирија, фатени 7 терористи на ЈПГ/ПКК кои извршиле 11 бомбашки напади

Во реализирана операција на две куќи ќелии во областа на градчето Африн, во северниот дел на Сирија се фатени 7 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК кои извршиле 11 бомбашки напади и терористички акти со палење на возила.

Во објавеното писмено соопштение од Губернијата на Хатај се истакнува дека по реализирани разузнавачки активности од страна на кординаторската Дирекција на полицијата во Африн во подрачјето на операцијата Маслиново гранче беше реализирана операција на две куќи ќелии.

Во соопштението се вели дека во операцијата се фатени 7 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организцаија ЈПГ/ПКК и се подвлекува следното: „Седум лица кои реализирале 11 бомбашки напади и 3 акти на палење возила, се фатени во реализирана операција на две куќи ќелии во Африн. Освен тоа, во извршените претреси во куќите ќелии се запленети 25 килограми ТНТ експлозив којшто се користи во изработка на бомби, 8 електрични капсули и материјали за изработка на бомба од специјално пресечени остри метални парчиња со цел зајакнување на распрснувачкото дејство на бомбата.“



Слични вести