Bo Турција од Ковид-19 излекувани уште 1.015 пациенти, досега оздравеа вкупно 153.379 заболени

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 17 лица, дијагностицирани се 1.467 новозаразени, а оздравеа уште 1.015 заболени пациенти од вирусот; Досега починаа вкупно 4.842, инфектирани се 181.298, а оздравеа вкупно 153.379 лица

1437276
Bo Турција од Ковид-19 излекувани уште 1.015 пациенти, досега оздравеа вкупно 153.379 заболени

Продолжува континуираниот пад во бројот на смртните случаи и новите случаи на зараза во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во изминатите 24 часа се потврдени 17 смртни случаи со што вкупниот број на починатите достигна до 4.842 лица.

Направени се уште 46.800 тестирања од кои се дијагностицирани 1.467 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 181.298 лица.

Заедно со уште 1.015 излекувани лица вкупниот број на оздравените пациенти во Турција се зголеми на 153.379 лица.



Слични вести