23 години од формирањето на Економската организација за соработка на Земјите во развој (Д-8)

Д-8 е конкретен облик на барањето за поправеден, попрогресивен, попросперитетен и постабилен свет

1436634
23 години од формирањето на Економската организација за соработка на Земјите во развој (Д-8)

Денес се навршуваат 23 години од постоењето на Економската организација за соработка на Земјите во развој (Д-8) која беше формирана под лидерство на поранешниот премиер Неџметин Ербакан во 1997 година со цел да се зголеми благосостојбата и просперитетот на земјите членки.

Идејата за сплотување на надворешната политика на муслиманските земји во развој наспроти политиките на Г-7 беше прогласена пред 23 година од страна на Турција, Нигерија, Египет, Пакистан, Индонезија, Иран, Малезија и Бангладеш.

На Самитот на земјите членки на 15 јуни 1997 година во Истанбул на кој учествуваа шефовите на државите и претсдетаелите на владите, со потпишувањето на Истанбулската декларација беше формирана меѓународната организцаија Д-8 која имаше за цел да се развие тргвијата и соработката меѓу земјите членки.

Организацијата Д-8 формирана под лидерство на Турција од страна на 8 муслимански земји кои бројат над една милијарда популација, гледано од аспект на начелата и географскиот простор на кој се простираат, многу повеќе има карактер на глобална формација отколку на регионална.

Турција од октомври 2017 година наваму е привремен претседавач со организацијата. 10-от Самит кој се планира да се одржи под покровителство на Бангладеш, годинава истовремено се подготвува да ја преземе функцијата привремен претседавач.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод 23-та годишнина од формирањето на организацијата Д-8 објави порака со честитки.

Ердоган во пораката истакна:

„Организацијата Д-8 уште од почетокот на самото формирање ги има усвоено следните принципи: мир наместо војна, дијалог наместо судири, правда и развој наместо двојни стандарди, споделување наспроти експлоатација, човекови права наместо притисок и доминација, слобода и демократија.

Д-8 не е само заедница кои се собрале единствено околу интереси, туку многу повеќе од тоа. Тоа е конкретен облик на барањето за поправеден, попрогресивен, попросперитетен и постабилен свет“ рече претсдетаелот Ердоган.



Слични вести