Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 18 и вкупно изнесува 4 825 лица

1436521
Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од Ковид-19 во Турција

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 18 и вкупно изнесува 4 825 лица.

Во истиот период беа остварени 42 032 тестови од кои 1 592 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 947 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 152 364.



Слични вести