Министерството за национална одбрана: Започна прекуграничната операција „Канџа-Орел“

Министерството за национална одбрана соопшти дека од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) е започната нова прекугранична операција по име „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal)

1435842
Министерството за национална одбрана: Започна прекуграничната операција „Канџа-Орел“

Уште еден удар од Турските вооружени сили (ТВС или TSK) врз терористичките гнезда преку границата.

Министерството за национална одбрана соопшти дека е започната операцијата „Канџа-Орел“.

Во објавеното соопштение од Министерството се вели следното: „Започна операцијата Канџа-Орел (Pençe-Kartal). Нашите авиони ги уништуваат (рушат врз нивните глави) пештерите на терористите.“

Во истото соопштение се додава дека се реализира воздушна операција врз областите Синџар, Караџак, Кандил, Зап, Авашин-Басјан и Хакурк во северниот дел на Ирак, инаку места кои од страна на терористите се користат како бази, а воедно се привлекува внимание дека операцијата се реализира во рамките на правото на самоодбрана коешто произлегува од меѓународното право.

Во соопштението на Министерството за национална одбрана се информира дека се уништени 81 цел, како што се засолништа, скривници и пештери на терористите кои се закануваат на безбедноста на нашата земја, нашиот народ и на нашите граници.



Слични вести