Министерството за национална одбрана: Во операцијата „Канџа-Орел“ се уништени 81 цел на терористите

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операцијата „Канџа-Картал“ (Pençe-Kartal) којашто е започната синоќа против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, преку границата во северниот дел на Ирак, се уништени 81 цел

1436019
Министерството за национална одбрана: Во операцијата „Канџа-Орел“ се уништени 81 цел на терористите

Во рамките на операцијата „Канџа-Картал“ (Pençe-Kartal) којашто е започната синоќа против целите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, преку границата во северниот дел на Ирак, се уништени 81 цел на терористите. 

Преку профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер е објавено соопштение во врска со операцијата „Канџа-Картал“ (Pençe-Kartal) којашто е започната врз областите Синџар, Караџак, Кандил, Зап, Авашин-Басјан и Хакурк во северниот дел на Ирак, инаку места кои од страна на терористите се користат како бази.

Во соопштението се вели следното: „Со операцијата „Канџа-Орел“ се уништени 81 цел, како што се засолништа, скривници и пештери на терористите кои се закануваат на безбедноста на нашата земја, нашиот народ и на нашите граници. Нашите авиони безбедно се вратија во своите бази.“

Се истакнува дека во операцијата во максимална мера е користена домашна и национална муниција и дека е нанесен тежок удар врз присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето.

„При планирањето и реализацијата на операцијата е покажана максимална чувствителност по прашањето на животната и имотната безбедност и заштитата на животната средина. Турските вооружени сили (ТВС или TSK) како во минатото така и денеска со елан и одлучност ќе ја продолжат борбата против тероризмот за опстанокот и безбедноста на нашата земја и нашиот народ, се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“ - стои во соопштението на Министерството за национална одбрана. 

Во операцијата операцијата „Канџа-Орел“ во северниот дел на Ирак, покрај воени авиони кои полетаа од своите бази во земјата учествуваа и беспилотни летала (ИХА), авиони за рано предупредување-контрола од воздух (ХИК) и танкер авиони.

Од друга страна, министерот за национална одбрана Хулуси Акар разговараше со пилотите кои учествуваа во операцијата „Канџа-Орел“ на кои им честита за успешно реализираната операција.

Министерот Акар во објавеното соопштение во врска со операцијата „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal) го рече следното: „Терористичките гнезда се срамнети со земјата. Терористичките гнезда од кои се планираат напади врз нашата земја, нашиот народ и нашите бази, се срушени врз главите на терористите (се уништени).“



Слични вести